Вести Економија Топ вести

Заради честите дефекти на домашните капацитети ЕСМ една четвртина од дневната побарувачка на струја набавува од слободниот пазар

Три четвртини од дневната побарувачка на струја за домашниот регулиран пазар се обезбедува со производство од домашните капацитети, а една четвртина ЕСМ ја набавува од слободниот пазар. Ова се должи на остареноста на домашните производствени капацитети кои често се во дефект или пак се ремонтираат за да се продолжи нивниот работен век.

За декември планирана е набавка на струја од слободниот пазар за да се покрие домашната потрошувачка, а за дваесетина дена во ноември ЕСМ потроши 19 милиони евра за да го покрие недостатокот струја за дневна побарувачка.

Во моментов ТЕЦ Неготино и Осломеј се исклучени од мрежата, а директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски најави дека ќе стартуваат со производство од 4 декември и дека двата капацитети имаат доволно залихи на јагелн однсно мазут.

Интересно е што според пресметките на ЕСМ производствената цена на мегават во ТЕЦ Неготино беше 236 евра, а просечната цена по која се купуваше струја беше три евра повисока.

Со падот на цената на мазутот мегтават час произведен во Неготино сега чини 200 евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе