Вести Економија Топ вести

Бектеши: Полн погон на домашните капацитети од 1 декември но само ако е потребно

Владата е задоволна од работењето на ЕСМ и менаџирањето со производствените капацитети и не гледа простор за евентуална одговорност бидејќи во моментов секојдневно се увезува речиси една третина од струјата потребна за задоволување на регулираниот пазар. Најавите за 100 отстоно покривање на домашниот регулиран пазар останаа само како најави откако Него тино и Осломеј се исклучени од мрежа а РЕК Битола работи со два или еден блок.

Па така вчера од потребните 13,1 гигават за реглуираниот пазар, ЕСМ произведе 8,5 а купи од слободниот пазар 4,5 гигавата струја.

Од 1 декември сите расположиви домашни капацитети ќе бидат подготвени за работа , дециден е министерот за економија, Крешник Бектеши, но ќе се вклучуваат во зависност од потребите односно потрошувачката

За ТЕЦ Неготино надлежните повторно истакнуваат дека не работи поради високата производствена цена а не поради дефектот во генераторот на кој се работи во моментов

Според информациите на Телма, доколку ТЕЦ Неготино пработи со еден котел цената на мегават час е 246 евра а доколку ртаботи со полн капацитет таа е 210 ервра за произведен мегават час.

Од документите за набавка на струја на ЕСМ за периодот од 21 до 27 ноември може да се види дека се купуваат 32 гивата струја чија цена се движи од 234 до 274 евра и за кои ќе плати 7,8 милиони евра а просечната цена по мегават час купена струја е 243 евра.

Со десеткувано производство, делумна помош даваат државните институции и општините лкои продолжија со мерките и препораките за штедење на струја. Во октомври во објектите на сите државни институциии во Македонија е потрошена во просек за 29 отсто. Рекордер е министертвото за екологија каде потрошувачката на струја е намалемна за неверојатни 94 отсто.

Кога станува збор за општините 65 општини успеале да ја намалат потрошувачкјата на струја за 15 или поверќе отсто, 13 биле со намалување на потрошувачката до 15 отст а само три општини потрошиле повече од октомврти минатата година. Рекордер е општина Арачиново каде регистрираната потрошувачка е за 5 пати поголема од лани но тоа се должи на фактот што ЕВН поставува нови броила и ги заменува блокираните кои је на отчитуваат реалната потрошувачка.

Oгнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе