Вести Економија Топ вести

Осломеј и Неготино и понатаму се во аут а за дваесетина дена од овој месец ЕСМ купи струја за сума од 18 милиони евра

Сто отстотно покривање на потребите на регулираниот пазар, по потреба и 20 отсто натфрлање на квотата за производство на струја, видеа на директорот Ковачевски и членови на Владата со инофрмации дека е целосно покриена домашната побарувачка за струја… Но температурите се паднаа, потрошувачката се зголеми, дефектите во производствените капацитети продолжија да се редат и почна увоз на струја од слободниот пазар.

Вака се движи патот од најавите на надлежните до реализацијата на ЕСМ неделава.

Според официјалните податоци на Владата, вчера се произведени 7,6 гигаватаи струја а купени се 3,1 гигават за кои се платени околу 700 илјади евра.

Во блоковите 1 и 2 во РЕК Битола, единствениот функционален производствен термокапацитет, се произведени 5,6 гигавати а хидрокапацитетите и ветерниот парк во Богданци речиси 2 гигавати струја.

ТЕЦ Осломеј е исклучен од мрежата поради ремонт а најавиоте се дека ќе почне со работа во првата недела од идниот месец.

ТЕЦ Неготино исто така е исклучен од мрежата поради дефект – корозија во трансформаторот, а владините претстваници често нагласуваат дека во моментов не е исплатливо да работи поради високата цена на мазутот и производствената цена од 210 евра за мегават доколку двата котли се вклучени.  Интересно е што ЕСМ, за да го надополните недостатокот, купи струја од слободниот пазар по иста или повисока цена и за дваесетина дена од овој месец плати околу 18 милиони евра.

Клучно е што сè уште нема одговорност од фирмите „шемаџии” кои со итар план со месеци трошат поевтина струја од граѓаните а за тоа кој треба да ја објави листата во јавност десетина дена надлежните директори, претседатели на комисии и вицепремиер ја префрлаат топката од ена на друга институција.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе