Вести Економија Топ вести

Ќе се сопре ли нереалното профитирање на трговците?

Ист производ – различни цени. Едни на рафтови, но други на каса. Но, измама не се прави само со цените туку и со грамажата. Дел од трговците ја намалуваат грамажата, но ги зголемуваат цените, велат граѓаните. Револтирани што во време на економска криза ова е тешка кражба. И покрај тоа што државата ги помогна компанијата и индустријата до сега ниту денар не ги поефтинија своите производи.

Граѓаните не молчат пред институциите. Низа поплаки за измами и манипулација со цените стигнале и до Организацијата на потрошувачи. Оттаму велат единствен начин да се стави крај на самоволието на трговците се високите казни.

Сѐ уште се чека конкретен потег на власта кој би ја спречил нереалната заработка на трговците, кои неконтролирано ги зголемуваат цените. Прехранбените производи од ден на ден добиваат се повисока цена за која  министерот за економија Крешник Бектеши очекува поевтинување во наредните 10 дена.

Но, официјални најави од производителите нема, тие сѐ уште калкулираат дали и за колку ќе ги намалат цените на основните прехранбени производи. Бектеши тврди дека инспектори на Државниот пазарен инспекторат се на терен и веќе изрекле неколку казни. Останува отворено прашањето дали тие се доволно ригорозни и ќе имаат ли ефект.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе