Вести Економија Топ вести

Жителите на Чаир ги вклучија клима уредите за да се стоплат додека надлежните си ја префрлаат вината

Градинки, основни и средни училишта, поликлиника и околу 500 домови и денеска се со студени радијатори откако раководствот на топланата „Скопје Север“ соопшти дека нема да испорачува топлинска енергија бидејќи нема пари за да купи гас и нема добиено финансиска помош од Владата односно ЕСМ.

А граѓаните се револтирани. Велат дека напразно плаќаат сметки за парно, а сега со вклучените клима уреди за да не измрзнат дополнителен удар по Буџетот ќе биде сметката за потрошена струја.

Поликлиниката Чаир е најголемата здравстена институција која ги покрива населбите Топанско Поле и Скопје Север со околу 150 илјади жители.

Неколку градинки, основни и среди училишта исто така се без парно греење. Во основното училиште „Петар Здравковски – Пенко“ дел од учениците утрово си заминале домна а наставата е со скратени часови.

Инструкции од МОН ќе се чекаат и во средното училиште „Цеватн Димов“ каде наставата се одвива без прекин.

Од ЕСМ остануваат на ставот дека доколку АД Скопје Север не сака да ги прифати истите услови кои важат за сите други субјекти кои испорачуваа топлинска енергија за над 58 илјади потрошувачи, одговорноста паѓа исклучиво врз нив.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остин: Претседателот на САД одлучи да се прекине испораката на оружје за Израел

Дејан Дејан

ДИК: Излезноста на парламентарните избори е 46,93 отсто, до 17 часот гласале 470.950 лица

Дејан Дејан

Дали Даштевски буни со бројките, со 452.412 гласа објави процент над цензусот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе