Вести Економија Свет Топ вести

ЕК: Инфлацијата во ЕУ допрва ќе го достигне пикот, рецесија на крајот од годината

Редовниот есенски извештај на Европската комисија за состојбата на економиите во членките на ЕУ предвидува влошување на ситуацијата.

Според прогнозите на Европската комисија се очекува инфлацијата, која веќе достигна рекордни нивоа во ЕУ, уште да се зголемува во наредните месеци, по што би требало да почне да се намалува.

Пикот на инфлацијата е “поместен“ за крајот на годината, и стапката да достигне 9,3 отсто во ЕУ и 8,5 отсто во еврозоната. Од 2023 година таа би требало да почне да опаѓа, но умерено, на седум отсто во ЕУ и 6,1 отсто во еврозоната. Во 2024 се очекува пак да биде три отсто за ЕУ и 2,6 отсто за еврозоната.

Во споредба со прогнозите на Европската комисија од летото, стапката на инфлацијата претставува зголемување од речиси еден процентен поен за годинава, и над два процентни поени за 2023.

Ревидираните бројки се должат на високата цена на гасот и струјата што вршат притисок врз речиси сите други производи.

Што се однесува до економскиот раст, вестите не се пооптимистички. И покрај подобрување во првата половина од оваа година, се очекува ерозија на куповната моќ во ЕУ и построги услови за финансирање што ги турка повеќе земји на ЕУ кон рецесија во последниот квартал од оваа година, наведува  Европската комисија. Сепак добрите резултати од почетокот на годината треба да овозможат раст на реалниот БДП на 3,3 отсто во ЕУ и 3,2 отсто во еврозоната, што е поголема бројка од прогнозите на Комисијата летово.

Намалениот раст се очекува да продолжи и во првиот квартал од 2023, а да се подобри на пролет кога инфлацијата постепено ќе се ублажува.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе