Вести Економија Македонија Топ вести

9 милиони евра чини струјата што ја купи ЕСМ за да ги задоволи потребите на регулираниот пазар

Од најавите за 100 отсто покривање на потребите на регулираниот пазар и 20 отсто натфрлање на планираното производство до 9 милиони евра за купување на струја за да се покрие конзумот.

Ова е патот од ветувањата на надлежните на прес конференции и видео пораки до реалноста.

ЕСМ не произведува доволно струја за да го задоволи регулираниот пазар па затоа купува по 2,4 гигавата струја дневно.

Од јавно достапните документи на сајтот на ЕСМ може да се види дека за периодот од 7 до 20 ноември ЕСМ од 4 фирми купил 38,5 гигавати струја за сума од 9 милиони и 28 илјади евра. Станува збор за период во кој дневните температури се натпросечни високи и нема зголемен конзум односно потрошувачка.

За перидот од 7 до 13 ноември купени се 16,8 гигавати струја по цена од 205 до 222 евра за мегават час од фирмите „Дуферко“, „Данске комодитис“ и „ГЕН-И“. Вкупно ЕСМ ќе плати 3,6 милиони евра.

За периодот од 14 до 20 ноември ЕСМ купува 21,7 гигавати струја од 3 фирми а цените се движат од 234 до 288 евра за мегават час.

На „ЕТМТ Енерџи“, „Дуферко“ и „ГЕН-И“ им се исплатени вкушно 5,4 милиони евра.

Гледано по фирми „ГЕН-И“ ќе инкасира 3 милиони евра за продадената струја, „ ЕТМТ Енерџи“ – 2,8 милиони евра, „Дуферко“ – 2,2 милиони евра и „Данске комодитис“ кој наплатил 939 илјади евра.

Раководството на ЕСМ објасни дека купува струја за кратки периоди поради исплатливоста и предвидливоста на цените, но бројките на берзата „Хупекс“ односно слободниот пазар засега го тврдат спротивното.

Она што е клучно да се  напомене е дека домашните производствени капацитети се десеткувани, ТЕЦ Неготино е во дефект, Осломеј во ремонт, РЕК Битола една година има два расположиви блока, па ЕСМ покрива само 82 отсто од потребите на регулираниот пазар односно домаќинствата, микро, малите и средните компании, како и фирмите „шемаџии“ кои нелегално се префлија на регулираниот пазар за да скратат трошоци и да генерираат профит но и да ја билдаат цената на струјата за домаќинствата од од 1 јануари

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе