Вести Економија Топ вести

ЕСМ: Со јагленот од рудникот Гуштерица ќе се стабилизира производството на електрична енергија во РЕК Осломеј

Со ископ на нови количини на јаглен од рудникот Гуштерица во РЕК Осломеј, од Државни електрани најавија дека ќе го стабилизираат производството  на електрична енергија во оваа дотраена Термоелектрана.

На јагленовиот коп каде ЕСМ денеска ги донесе и медиумите, веќе се прават  подготовки, а за оваа грејна сезона планирана е откривка од 150.000 тони јаглен.

Производствената цена на рудата  ќе биде за 2 до 3 пати пониска од берзанската, а  со  понатамошната откривка на јаглен ќе се продолжи векот на работа РЕК Осломеј за уште три години. Потоа ќе почне транзицијата за производство на струја  од обновливи извори, соопштија од ЕСМ.

  • Со овој јаглен  ќе го подобриме производството на РЕК Осломеј. Вкупните количини што се на овој локалитет се два милиони тони што значи во наредните 3-4 години РЕК Осломеј ќе може континуирано да се снабдува со сопствен јаглен. Со тоа ќе имаме зголемено производство на електрична енергија и намалена цена на произведена мега ват час од локалитетот во Осломеј, изјави Васко Ковачевски, генерален диркетор на АД ЕСМ.

РЕК Битола и натаму работи со две третини од капацитетот. Трансформаторот за Третиот блок  кој изгоре лани во пожар, веќе е готов и деновиве треба да отпочне неговиот транспорт од Турција.  Се доцни поради комплетирање на документацијата во сите  три држави низ кој ќе минува товарот тежок над 200 тони.

  • Очекувано пристигнување на трансформаторот во РЕК Битола  е 15 ноември, што е  15 дена повеќе од она што ние го планиравме, но е согласно со договорот.  Од 15 ноември е предвидено да биде вклучен Третиот блок во РЕК Битола, а да се стави во ремонт блок 2, значи да има замена на блоковите, изјави Ковачевки.

Ковачевски информираше дека ЕСМ во моментот целосно ги задоволува потребите на струја од  своите производни капацитети, РЕК Битола, Осломеј и хидропотенцијалот, а поради поволните времснките услови потрошувачката  е намален за 15 проценти.  Но, од Државни електрани велат дека сите нивни капацитети се подготвени да ги обезедат потребните количини на струја за сите потрошувачи на регулираниот пазар и за сите оние кои склучуваат  догвори со ЕСМ.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе