Вести Македонија

Поради високите сметки за струја во Штип почнаа да се затварат помалите дуќани на големите компании

Помалите компании и супер маеркетите се први на удар од енергетската криза, алармира бизнис секторот и економските аналитичари. Помалите дуќани се затвараат низ населбите, супер маркетите не можат да издржат да плаќаат високи сметки за струја. Според економскиот аналитичар, Глигор Ивановски ударот ќе го почувствуваат сите, но за малите компании може да биде и фатален, со нивно затварање, а работниците да си заминат дома. Ако претходно сметките за струја им биле повисоки за пет до седум проценти, сега им се за 15 %.

Со вакви високи цени на струјата македонската економија се нема соочено. Според Ивановски  извршната власт треба да реагира на време за да се спречи ценовен шок.

Штипското стопанство се потпира на текстилниот сектор. Но, последните сметки за струја им се  од четири до пет пати повисок,  па во ваква ситуација голем дел размислуваат и да  стават клуч на врата, отколку да се работи со загуба. Фабриките што навреме си  поставиле фотоволтаични панели, на крововите на фабриките направиле добра инвестиција.

Текстилниот сектор во моментов има нарачки и договори со странските партнери, но незивесноста со цената на струјата им ја продолжува агонијата и на сопствениците и на работниците.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Полицијата ги проверува базните станици и телефоните на родителите на исчезнатото девојче во Србија

Дејан Дејан

Путин: Нема да го нападнеме НАТО, но ќе ги соборуваме ловците Ф-16 во Украина

Дејан Дејан

Војската на САД уништи дронови на Хутите од Јемен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе