Вести Македонија Топ вести

Опера и Балет во мрак, ЕВН ја исклучи струјатa поради неплатени сметки

Блокирана сметка и исклучена струја. Ова е ситуацијата во која во моментов се наоѓа единствената и најзначајна институција за сценско музичка дејност – Националната опера и Балет.

Во објектот кој минатата недела потоа во мрак не се изведуваат проби и не се подгтовува репертоарот за новата сезона бидејќи вработените се на колективен одмор до крајот на овој месец.

Колку точно изнесува долгот за неплатени сметки засега не е познато.

„НУ „Национална опера и балет“ од четвртокот 18.08 е исклучена од струја по налог на ЕДС, од ЕВН – Македонија, поради неплатени сметки.Долгот кон ЕДС е од трет месец, додека кон ЕВН од 5ти месец“ – велат од Националната опера и балет.

Престижната национална установа е со блокирана сметка од почетокот на минатиот месец кога пристигнало извршното решение за наплата на долг стар речиси десет години во висина од 4,1 милион денари или 60 илјади евра.

Нема опасност вработените да останат без своите плати бидејќи нив ги иплаќа министерството за култура.

„Причината за неподмирување на долгот за електрична енергија е блокирање на сметката на НУ „Национална опера и балет“ поради спроведување на  извршно решение од 2012 – 2013 година“ – тврдат од националната опера и балет.

Од раководството на опера и балет велат дека се во разговори со министерството за култура за надминување на финансиските проблеми и обезбедување на непречено работење на институцијата.

Со последниот ребаланс на Буџетот,  скратени се парите предвидени за министерството за култура кое пак поради тоа ги крати и средствата за националните установи како што е во случајот со Националната опера и балет каде средствата се намалени за 30 отсто.

Министерката Костадиновска – Стојчевска соопшти дека покрај намалувањето за 31 отсто од парите за проекти, со ребалансот на буџетот е превидено кратење и на непродуктивните трошоци и на буџетот на ресорното министерство, кој изнесува 3 милиони и 200 илјади евра.

Единствено што нема да се допира се парите предвидени за капитални инвестиции, чиј износ е 8 милиони и 715 илјади евра.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе