Вести Македонија

Мистерија Габриел Бајрам, на градскиот Совет читаше од мобилен па исчезна, два месеци не го враќа клучот од магацините во ГТЦ каде има сомнежи за крипто-фарми

Габриел Бајрам е член на опозициската СДСМ коалиција во градскиот Совет на Скопје, а денеска на почетокот на 15-тата седница беше на Советот како претставник на Сојузот на Ромите во Македонија, партија формирана од неговиот покоен татко Амди Бајрам.

Дваесетина минути од седницата беше присутен и главно гледаше на својот мобилен телефон. Истиот период се совпадна со објавувањето на информацијата дека не се пријавувал за распит во полиција по што на 30-ти јуни бил приведен во полициска станица на распит во истрага за кражба на струја во ГТЦ каде има сомнежи дека имал крипто-фарма во изнајмени магацини.

Бајрам седеше во 5-тиот ред на опозициската страна во Советот на град Скопје и постојано го држеше телефонот во рака, а во еден момент стави и слушалки.

Потоа Советот на град Скопје имаше пауза, а Габриел Бајрам не се врати што се гледаше при прозивката кога по предлог на СДСМ се гласаше за точка на дневен ред за финансиска помош на РК Вардар.

Инаку, пред два месеци, ГТЦ му го раскинал договорот на Бајрам за издавање на магацински простории, но советникот во град Скопје се уште не ги вратил клучевите.

Во Избирачкиот список има двајца со име Габриел Бајрам, еден е жител на Бутел, а втор на Чаир.

До МВР поставивме прашање дали станува збор за исто лице бидејќи станува збор за многу ретка комбинација на лични податоци.

Од МВР ни одговорија дека во целата држава има вкупно тројца со истиот идентитет Габриел Бајрам (а полицијата барала само еден за распит во истрагата за кражба на струја во ГТЦ), но со различни матични броеви.

=Ве известуваме дека со истото име и презиме за кое прашувате евидентирани се три лица. Согласно Законот за матичен број на граѓанинот му се определува еден матичен број. Еден ист матичен број не може да му се определи на друг граѓанин, ни одговорија од МВР.

Габриел Бајрам успешно и се криел на полицијата, ги крие и клучевите од потенцијалната крипто фарма во ГТЦ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе