Вести Македонија Најважни

Македонија нема да ја менува унилатералната изјава за јазикот

Македонија нема да ја менува унилатералната изјава за македонскиот јазик која владата ја достави до ЕУ на првата меѓувладина конференција пред два дена.

Одлуката е донесена по консултациите кои се воделе во македонското МНР околу содржината на изјавата откако на неа реагираа научниците од МАНУ, Институтот за македонски јазик, за македонска литература, Филолошкиот факултет и други институции, оценувајќи дека изјавата нне доволно го штити не само историски континуитет на јазикот, туки ни неговата иднина во ЕУ.

Министерството за надворешни работи во соопштението по реакциите за изјавата објаснува дека изјавата била со цел да се осигура употребата на чиста формулација за македонскиот јази како службен јазик во земјава и нејзините меѓународни односи, без какви било објаснувања.

„Поради ограничувањата поврзани со форматот и целта на унилатералната изјава, наведени се само неколку информации и податоци поврзани со јазичниот, просторен и временски континуитет на македонскиот јазик кој низ вековите растел, се развивал и се издигнал во наддијалектен, национален стандарден јазик на македонскиот народ како и неговото значајно место во славистиката и лингвистичката наука“, се наведува од МНР.

Но ако македонскиот јазик е затворено прашање, промената на Уставот без која не може да започне втората фаза од преговорите со Европската унија – отворањето на кластерите и поглавјата, ќе го чека крајот на летниот распуст на Собранието.

„Ние се уште немаме календар или динамика за започнување на уставните измени, но тоа е наша обврска која треба да ја завршиме најдоцна до крајот на скринингот. Ние внимателно ќе ги разгледаме околностите, атмосферата, начинот на којшто би го отвориле дијалогот во Собранието. Во моментот кога ќе тргне дијалогот во Собранието и меѓу политичките партии, ќе утврдиме околу ова прашање, а тоа секако ќе биде по летниот одмор на Собранието, ќе можеме тогаш да говориме за точен календар“, изјави Маричиќ.

Маричиќ кој денеска објаснуваше како ќе се одвиваат фазите во пристапните преговори најави дека тој лично се надева дека скрининг фазата на усогласеност на македонското законодаваство со европското, но и кои обврси ќе ги има земјава во текот на преговорите во делот на усогласувањето, а која треба да започне кон средината на септември најбрзо би можела да се заврши за 16 месеци. Потоа, вели Маричиќ, стартот на втората фаза ќе зависи само од уставните измени.

Маричиќ кој во 2018 од владата беше определен како технички преговарач на земјава со Унијата, денеска најави измени во преговарачката структура на тимот, условено, како што рече, од новата методологија за преговори со Унијата.

Тој притоа не сакаше да открие кој ќе биде политички, а кој технички преговарач, најавувајќи дека официјално сите имиња и структурата на преговарачките тимовите ќе бидат објавени кон крајот на август или почетокот на септември.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе