Вести Економија Топ вести

Властите во земјава уверуваат дека зимава рестикции нема да има- Европа се подготвува за најлошото сценарио

Ниту мерки за енергетска криза, ниту план за задолжување.  Не се знае ниту со какви мерки ќе се прошири листата за  заштита од ценовни шокови. По речиси еден месец, економските министри се појавија во јавноста. Но и овој пат не прецизираа што ќе се преземе,  за подготвени да ја дочекаме престојната зима, која се очекува да биде  една од најтешките.

Единствено се вети дека ќе се прават строги конторли кај дрвата и  пелетите чии цени драстично пораснаа. Европа на големо работи на кризниот план за  поленсо да ги надмине проблемите и со струјата и гасот.

И неговиот колега, министерот Бесими не прецизираше – од каде, по која цена и колку ќе се задолжи земјава за да се покрива дефицитот. Со ребаласнот  информациите беа дека најверојанто ќе надмине една милијарда.

Но, Бесими  не кажува кога тоа ќе се случи и зошто толку се чека. Уверува само дека задолжувањето ќе биде по пониски камати од сегашните.

И додека властите во земјава уверуваат  дека оваа зима   рестикции нема да има , Европа се подготвува за најлошото сценарио.

Деловни објекти и згради предлагаат да се загреваат на темературир до 19 степени, а ладењето да не биде повеќе  од 25 степени. Граѓаните и фабриките да го намалат трошењето на гас,  а оние кои можат, да работат од дома. Кризниот план на  Европа ќе биде објавен денеска.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе