Вести Економија Македонија Топ вести

Европа со кризен план,  Македонија се уште без мерки за енергетска криза

Додека големите Европски држави на големо се подготвуваат за престојната зима, кај нас до сега нема ниту една мерка за справување со енергетската  криза. Експертите алармираат дека веќе многу се доцни.

Подготовките  требало да почнат  уште пред неколку месеци,  кога цените на берзите  биле  пониски. Сега цехот што ќе  треба да го плати државата ќе биде многу поголем.

„На унгарска берза се тргува за неверојатни 495 евра за мегават, а следната година цената  ќе се движи околу 400 евра за мегава. Пред неколку месеци  беа за стотина ерва пониски. Сите знаеме дека домашното производство  е намалено,  така што можеше одамна да се направат набавки и на струја  и на  сите други потребни работи“ – вели за Телма, Сања Божиновска , консултант по енергетика.

И од бизнис секторот  посочија дека  стопанството и проблемите со струјата се во сенка,  поради политиката.

Од Владата   пак без да наведат што конкретно ќе се преземе, посочија само дека состојбата  се следи.

Надежите се и во ЕСМ дека ќе обебзеди 100 проценти од потребите на струја, подготовки има , а  потрошувачката треба да биде рационална.

„Владата даде поддршка на ЕСМ да обезбеди цена од 48 евра за мегават час за универзалниот снабдувач за 100% задоволување на потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. Владата и институциите во услови на светска енергетска криза ја нагласуваат неопходноста од рационално користење електричната енергија и  штедење. Согласно одлука на Владата, сите буџетски корисници и единки корисници беа задолжени да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10% и да достават соодветен предлог за рационализација на трошоците“,  велат од Владата.

И од ЕСМ  со смирувачки тонови –  се прави се  за да се обезбеди  домашно производство.

„Испораката на јаглен тече по основ на договорите кои веќе се склучени во претходниот период, а во тек се и нови постапки за набавка. Во моментов се испорачува јаглен од Грција и од Албанија. Се обезбедуваат услови за функционирање и на ТЕЦ Неготино, тече испораката на мазут за термоелектраната Неготино, а во тек е набавка и на нови количини мазут за претстојниот период“, се вели во дописот од компанијата.

Од ТЕЦ Неготино за Телма соопштија дека електраната технички е подготвена. Максималните резерви на мазут кои може да се складираат се до 40 илјади тони,  тоа  е  доволно да се покријат два месеци.

Проблем е и кој ќе ги грее скопајни од октомври. Отакко БЕГ ги изгуби лиценците, сега Владата треба да најде нова компанија која ќе го прави тоа.

Но тендер за избор се уште нема. Ако дојде до прекин на рускиот гас,  РКЕ даде предлог  топланите да се пренаменат да работата  на дизел.

Европа  веќе   ја комплетира листата со мерки за справување со проблемите  со струја и  гас.

Поради можни тешкотии во снабдувањето, словенечката Влада со препораки за заштеда на енергија преку регулирање на температурата во државната администрација и јавниот сектор.

Во ЕУ зимава ниту една зграда, деловен простор  нема да може да се загрева на повеќе до 19 степени, но и разладувањето да  не биде повеќе до 25 степени. Фабриките да ги намалат потребите од гас, да се префрлат на обновливи извори, домаќинствата да ја редуцираат потрошувачката.

Кризниот  план доаѓа по заострувањето на односите со Русија која може во секој момент да ја прекине испораката на гас.

Владата кај нас предупреди  на  тешка зима, но  се сигурни дека рестрикции нема да има.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп продoлжи со нападите кон италијанската премиерка

Дејан Дејан

„Нема место за политика во пријателства градени со децении“, велат жители од погранични села со Бугарија

Дејан Дејан

„Tреба да се радуваме да имаме Дата центри“ – вели првиот регулатор Ристов во интервју за Телма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе