Вести Економија Топ вести

Вредноста на доларот се изедначи со еврото, стравот од енергетската криза ја направи американската валута побезбедна

Според курсната листа на менувачниците во Македонија, доларот се изедначи со еврото, за првпат по речиси дваесет години. Пред почетокот на војната во Украина, во февруари годинава, доларот се разменуваше за 55 денари, додека денеска отприлика колку и еврото, околу 61,5 денари.  Доларот денеска се изедначи на берзите во светот, што значи дека вредноста на еврото е пониска за повеќе од 12 отсто во однос на вредноста од почетокот на годината.

Во приватни менувачници продажниот курс на еврото и на доларот се изедначени, со разлика од половина денар од менувачница до менувачница, а во банките продажниот курс на доларот е и повисок во однос на еврото.

Ова е највисока вредност на доларот во изминатите 20 години, најмногу поради тоа што се смета за најбезбедна валута за капитал во овие несигурни времиња. Европската валута е под силен притисок најмногу поради стравот на вложувачите дека енергетската криза ќе ја внесе еврозоната во рецесија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Млади уништуваат урбана опрема во училиште во Аеродром – градоначалникот објави снимки и најави засилен надзор од МВР

Дејан Дејан

Трамп продoлжи со нападите кон италијанската премиерка

Дејан Дејан

„Нема место за политика во пријателства градени со децении“, велат жители од погранични села со Бугарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе