Вести Економија Топ вести

Жестока расправа за ребалансот на буџетот во Собранието

За власта развоен, за опозицијата расипнички. Жестока расправа за ребалансот на буџетот, кој од денеска е на пленарна седница. Опозицијата упати остри критики за новото прекројување на државната каса. Велат земјата е банкторирана, пари за помош на граѓаните кои се на раб на егзистенција нема, а непродуктивното и расипничко трошење на владата ќе продолжи.

Има пари за измислени проекти за транформација на одредени јавни претпријатија, а пари за народот нема, во такви околности нереалано е да очекуваме од оваа влада, затоа соберете си ги куферите и да одиме на избори, граѓаните нека осудат дали економијата и државата одат во добра насока. Одговорот ви е не, рече  Здравко Трајковски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Од власта пак уверуваат дека овој ребаланс бил неопходен за да се одговори на последиците од глобалните кризи. Тврдат повеќе пари ќе има за пензии, плати, но и за субвенции. А ќе се донесат и нови акти кризни мерки.

-Ребаласнот е соодветен, навремен и ќе даде фискален одговор во целост за задзравување на економијата. Ова е ребаласн за поддршка на фирми и граѓани. Ќе се обезбедат 76 милиони евра за мерки за стандардот на граѓаните и фирмите, вели Жаклина Лазаревска, пратеник од СДСМ.

-Да и помогне на економијата од енергетската криза, инфлацијата ќе даде можност за одржлив развој на државата и макроекономска стабилност, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Со ребалансот, трошењето ќе се зголеми за над 200 милиони евра, но ќе се соберат и 100 милиони евра плус. Расходите се проектирани на 4,7 милијадри, а приходите на 4 милијадри евра. Парите за капитални инвестиции се намалуваат од 613 на 520 милиони евра. Годинава се очекува да се заврши со раст од 3, 2 проценти, инфлацијата да надмине 7 отсто од бруто домашниот производ.  Дефицитот изнесува 700 милиони евра, или нешто над 5 отсто од БДП.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Стојановски: Индустриското производство во пораст од 7,6%

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе