Вести Економија Топ вести

Босна и Херцеговина забрани изградба на мали хидроцентрали

Властите на Федерацијата Босна и Херцеговина вчера дефинитивно забранија изградба на мали хидроцентрали во земјата, позитивно одговарајќи на барањата на граѓаните упатувани до нив години наназад.

Горниот дом на народите на Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина ги прифати измените на Законот за електрична енергија, со кои не се дозволува изградба на нови мали хидроцентрали со моќност до десет мегавати.

Оваа историска одлука е резултат на притисокот и десетгодишната борба на активистите во бројни локални заедници кои решително се спротивставија на изградбата на екоцидни мали хидроцентрали, изјавија претставници на Фондацијата „Ателје за социјални промени“.

Еколошките активисти предупредија дека малите хидроцентрали произведуваат само 2,54 отсто од електричната енергија во Федерацијата Босна и Херцеговина, наспроти многукратно поголемата еколошка штета предизвикана со нивната изградба.

Граѓаните на БиХ изминатите неколку години успеаја да спречат изградба на мини хидроцентрали на неколку помали реки. Кон нивните активности се придружи и оскаровецот Леонардо ди Каприо, испраќајќи писмо до премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, во кое апелира на стопирање на реализацијата на такви енергетски проекти и спасување на реките.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Стојановски: Индустриското производство во пораст од 7,6%

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе