Претседателството на ССМ денеска напладне ќе одржи седница на која треба да се договорат следните чекори и текот на Генералниот штрајк откако Владата не го исполни даденото ветување и не предвиде средства во ребалансот на Буџетот за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари во јавниот сектор.
Според информациите на Телма, денеска претседателството на ССМ ќе донесе одлуки за поднесување на колективна тужба против Државата за заштита на работничките права и непочитување на Колективните договори како и извештај до Меѓународната организација на трудот за прекинатиот социјален дијалог во Владата. Тужбата ќе биде изработена со помош на правни експерти од Европската и Меѓународната конфедерација на синдикати, а ќе биде поднесена деновиве.
