Вести Економија Топ вести

ССМ ќе поднесе колективна тужба за неусогласување на колективните договори со Законот за минимална плата

Сојузот на синдикати на Македонија ќе поднесе колективна тужба за неусогласување на колективните договори согласно со Законот за минимална плата. Тужбата, како што денеска изјави претседателот на ССМ, Дарко Димовски, ќе биде поднесена пред домашните и странските судови.

ССМ ќе поднесе колективна тужба пред домашните судови и пред Советот на Европа по основ на непочитување на колективните договори, непостоење на социјалниот дијалог, кој во минатото го имавме, како и по основ на усогласување на законите со колективните договори, изјави Димовски по денешната седница на Претседателството на ССМ.

Ја повика Владата доколку навистина има волја да ги усогласи колективните договори, тоа јавно да го каже и да се потпише спогодба со која ќе биде загарантирано усогласувањето на останатите плати со порастот на минималната плата.

Ако Владата навистина е подготвена да ги усогласи колективните договори согласно порастот на минималната плата, нека каже. До септември, ние работниците ќе најдеме начин како да преживееме, ама да знаеме и да потпишеме спогодба со која ќе ни бидат загарнтирани 18,4 проценти од септември, рече Димовски.

Во однос на штрајкот во јавниот сектор, Димовски информираше дека ќе се оди со други форми на притисок со кои ќе се изрази незадоволството.

ССМ не бара зголемување, туку усогласување на сите плати согласно порастот на минималната плата, подвлече Димовски.

Штрајкот во јавниот сектор почна на 22 јуни. Досега, синдикатот потпиша успгласување на платите во 33 јавни претпријатија со што се опфатени над 12 илјади работници, а се преговара со уште 12 комунални претпријатија. Договори се потпишани и со пет општини, а во тек се преговари со уште 14.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Стојановски: Индустриското производство во пораст од 7,6%

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе