Вести Економија Македонија Топ вести

Регулаторната комисија денеска ќе ја објави новата цена на струјата

Денеска ќе се знае колку поскапа струја ќе плаќаат граѓаните од први јули. Наместо една просечна како до сега, РКЕ ќе објави четири цени за секој тарифен блок посебно.

Според информациите поскапување на цената на потрошените киловат часови ќе има во секој блок, но најголемо зголемување од дури 140 проценти се очекува да добијат домаќинствата кои според потрошувачката влегуваат во четвртиот  блок.  Можно е да има поскапување и на евтината струја која граѓаните најповеќе ја користат. Претходно сите енергетски  компании пријавија зголемени трошоци и побараа поскпување  на својата услуга и тоа  од 60 до 80 проценти. ЕСМ пак својата електрична енергија на Универзалниот снабдувач му ја понуди по цена за 17 отсто повисока од сегашната. Односно 48 евра за еден мегават час. Новите цени кои ќе ги донесе РКЕ, ќе важат во наредните шест месеци.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е само почеток на заеднички настапи на нашите оркестри – рекоа од македонската, софиската и грчката филхармонија пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе