Вести Економија Топ вести

ЕСМ оди со 17 отсто повисока цена кон ЕВН, се чека на одлуката на Регулаторна

17 отсто повисока цена од сегашната е понудата на ЕСМ која денеска ја достави на тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ. 48 евра за мегават час струја е цената на ЕСМ и на едниствата понуда која што денеска ја доби ЕВН а се однесува на периодот од јули до декември оваа година.

АД ЕСМ како најповолен и единствен понудувач на тендерот преку електронска аукција, му понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Добиената купопродажна цена 48 евра за мегаватчас за периодот Јули-Декември 2022 е за 17% повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач Јануари-Јуни 2022 година, соопштија од евн хоме.

Цената од 48 евра за мегават час важи за струјата која универзалниот снабдувач ќе ја испорачува на домаќинствата додека за правните лицва кои од слободниот се префрлија на регулираниот пазар ќе важат други тарифи и цени.

ЕСМ дсоопшти дека е подготвена и дека може да ја испорача комплетната побарувачка на ЕВН ХОУМ во наредните шест месеци иако таа е зголемена за 27 отсто.

Ова ќе биде второ поскапување на цената на струјата која ќе се испорачува од ЕСМ кон ЕВН Хоум откако во јануари  ЕСМ понуди за 13,6% повисока цена, од тогашните 36 евра за мегават и во првите шест месеци од годината ја испорачуваше по цена од 41 евро што резултираше со поскапување од 9,48% на крајните сметки за електрична енергија за домаќинствата.

Барање за поскапување на цената на струјата до Регулаторна доставија МЕПСО, кои побараа поскапување на тарифата за пренос за 68 отсто како и Електродистрибуција која побара поскаупвање од 80 отсто. Регулаторите кои денеска имаа подготвителна седница ќе треба да одлучат кои и колку од трошоиците ќе ги признаат а тоа ќе влезе во пресметката по која ќе се модулира новата цена на струјата која ќе стапи на сила од 1 јули а со сигурност ќе биде повисока од постоечката.

Се очекува претседателот на Регулаторна, Марко Бислимовски, идната недела да ја соопшти новата цена на струја за домаќинствата и да ги потврди праговите за трите тарифни блока по кои ќе се плаќаат сметките а кои во моментот изнесуваат 210, 420 одсносно 730 потрошени киловат часови струја во висока тарифа.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е само почеток на соработка меѓу нашите оркестри – рекоа од македонската и софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе