Вести Економија Македонија Топ вести

Ребалансот ќе го зголеми стандардот или ќе го покаже банкротот?

Дали со ребалансот ќе се зголеми стандардот или ќе се покаже дека државата е пред банкрот? Власта и опозицијата со дијаметрално спротивни анализи на прекројувањето на државната каса. Опозицијата предупредува дека финансиската дупка ќе се продлабочи, додека власта убедува дека овојпат помошта е насочена кон ранливите категории и ќе се надмине кризата.

Во ребалансот се предвидени околу 80 милиони евра за заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите во услови на криза за енергенси и примарни производи.Тука се и дополнителните субвенции и трансфери за земјоделците, како и повисоките трансфери до општините, поради покачувањето на платите во градинките и училиштата за 15%.Се предвидуваат и средства за раст на пензиите и субвенции за минимална плата.

ВМРО – ДПМНЕ ќе дадат поддршка, но ќе се обидат да интервенираат со 174 амандмани. Бараат вистинско стимулирање на економијата преку остварливи капитални инвестиции, помош на граѓаните и стопанството и, како што велат, спречување на расипничкото трошење на парите од страна на власта.

Алијанса за Албанците нема да го поддржат овој ребаланс. Убедени се дека, нивните   28 предложени амандмани нема да бидат прифатени.

Од СДСМ побараа конструктивност од своите опозициски колеги.

Со овој ребаланс, државата планира да се задолжи 900 милиони евра, а не е исклучено овој долг да надмине и една милијарда. Приходите се предвидени на 4 милијарди евра, а расходите на 4,7 милијарди.Трошењето ќе се зголеми за над 200 милиони евра, но ќе се соберат 100 милиони евра плус. Растот се очекува годинава да биде 3,2 проценти, а инфлацијата нешто над 7 отсто од БДП.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе