Вести Економија Македонија Топ вести Утринска на Телма

Автобуските карти за меѓуградски превоз поскапени и до 25%, превозниците бараат кратење на акцизата за нив

Најскапа автобуска карта во моментот е повратна Скопје-Охрид и чини 1130 денари, а сите автобуски карти во меѓуградскиот автобуски сообраќај се покачени и до 25 проценти во последниот месец.

Главната причина е зголемувањето на цената на дизел-горивото кое од 70 денари во март скокна до 102 денари сега, објаснува Масар Омерагиќ, директор на скопската автобуска станица Руле Турс. Тој во гостувањето на Телма посочи дека превозниците барале од владата замрзнување на акцизи за училишен превоз, превоз на војници и редовни линии, но досега немаат одговор.

Владата и надлежните институции побарале податоци за потрошувачка на  горивото од превозниците и тие биле доставени.

Покрај високите цени на горивото и постојаното поскапување, голем проблем се и нелегалните превозници односно дивите таксисти.

Разговорот од На лице место во Утринската програма на Телма е на следниот линк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе