Вести Економија Топ вести

Експерти: Потребни се сериозни контроли во маркетите за да не ги билдаат цените

За едни се популистички, други пак сметаат дека не се доволни за да се санираат штетите од ценовните шокови.

Вака дел од експерската  јавност  ги коментира предлозите  за ублажување од ценовните шокови, кои вчера ги презентираше министерот Бектеши.

Според аналитичарот Бранимир Јовановиќ, мерки треба да има, но и контроли кај трговците за да се спречат да ги пумпаат цените.

Товарот од кризата треба да го носат сите, а мерките кои ќе се воведат  да бидат долгорочни, без да се менуваат на краток рок.

„Мерките не смеат да се менуваат толку брзо туку треба  да се држат долго време затоа што таа политика тргни застани  е најлошата и мора да се промени, а мерките да се укинат откако  ќе  спласнат инфлаторните притисоци. Да бидат построги со кои ќе се спречи маркетите да не ги пумпаат цените. Затоа замрзнувањето на  цените е добро затоа што ќе кажете лебот е 30 денари и не смее над таа  цена и тие што ќе продаваат над таа цена ќе бидат казнети“ – вели за Телма аналитичарот Бранимир Јовановиќ

Поранешниот министер за финансии Хајредини пак смета  освен што се популистички, тие дополнително ќе  ги продлабочат загубите на трговците,  но и дупката во буџетот, а проблемите нема да се решат.

„Кај нас состојбата од глобалните проблеми е подраматична, затоа што ние со години не сме направиле ништо за да го зголемиме производството на храна и на струја. Со години не е изградена ниту една  централа. И сега сме доведени во ситуација , да одиме и да ги молиме соседите да ни извезуваат храна и суровини за производство“ – вели за Телма поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.

Вчера министерот за економија Бектеши  во емисијата  на Телма,  соопшти дека  како превенција од високите цени трговите предложиле повторно да се интервенира кај маржите.

Но,  и дека се размислува за промени кај цените на производителите и за укинување на некои увозни трошоци.

И од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека состoјбата со цените во земјава е алармантна и граѓаните одвај го поминуваат месецот.

Сметаат дека  76-те  милиони евра  кои Владата ги  предвидела  за ликвидноста на компаниите и  и заштита на стандардот воопшто не се доволни.

Отако пред неколку дена Владата одлучи да ги укине мерките за заштита од ценовни шокови кои беа донесени во мај ,  производите особено основните доживеаа сериозно поскапување. Некои дури и  за над 70 отсто. Инфлацијата пак достиган рекорд од 12 проценти во мај. Според Јовановиќ ако нешто не се превземе за ововј месец таа ќе надмине 15 проценти.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Проектот на Кушнер ја разгорува кризата во Албанија

Дејан Дејан

Трагедија во Франција: Загина еден од основачите на „Ubisoft“

Дејан Дејан

Во израелски напад загина снимател на Ал Џезира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе