Вести Економија Топ вести

Владата подготвува нови мерки за ублажување на ценовниот шок, уверува министерот Бектеши

Одредени мерки кои се превземаат од некои трговци се нечесни да бидат користени во време каде што има големо зголемување на цените на основните прехамбени производи, рече министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното издание на Вин Вин. Бектеши посочи дека Владата може да помогне со укинување на некои дополнителни трошоци.

Во зависност од берзанските цени на сончоглед, пченица и согласно тие анализи тие треба да ја утврдат цената а ние имаме можност како министерство, и како влада да укинеме некои трошоци кои моментално се во функција. Кога велам да ги укинеме, значи имаме искуства и од членки на ЕУ кои истото го направиле, и ние веќе еднаш го направивме тоа, а сега најверојатно би го направиле и повторно, и тоа почнувајќи од наредната недела, рече Бектеши.

Министерот вели дека по денешните состаноци со трговците на големо и на мало, производители на основните прехрамбени производи, пазарниот инспекторат и Царинската управа, и по сите анализи заклучиле дека има основните прехрамбени прозиводи имаа различни маржи кај различни трговци.

Согласно сите анализи слободно можеме да кажеме дека одредени производи се зголемени заради враќање на ДДВ-то, треба да бидеме искрени. Но ДДВ-то за основните прехрамбени производи е само 5 посто. Ние имаме голема разлика. Кај одредени производи е приметено дека во различни градови, кај различни трговци има различни маржи. Кога зборувам за маржи, зборувам само за делот на профитната маржа која ја утврдуваат сами трговците, вели Бектеши.

Вели дека во отворена пазарна економија било какви мерки кои владата ги воведува за контрола на зголемувањето на цените, можат да имаат само привремен карактер. Врз отворена пазарна економија влијаат повеќе надворешни фактори и одредени влијанија од ЕУ се прелеваат и кај нас, а изминативе неколку месеци особено влијание има војната во Украина. Но, одредена одговорност за покачувањето на цените мораат да сносат и самите трговци.

Ако имаме иста ситуација и претходната година и оваа година, и претходната година сме зацртале во нашите бизинис планови одредена сума на профит, значи како што ние ги ревидираме нашит епроекции како влада, граѓаните ги ревидираат нивните буџети во домаќинствата заради ситуацијата, секако дека тоа би требало да го направат и трговците, вели Бектеши.

Според него, не може во време на војна, да се прават истите профити како претходно.

Во вторник очекува да биде разгледан и предлогот на коморите – маржата за одредени прехранбени производи да биде пет, а за други 10 проценти. Бектеши ги повика и граѓаните да пријавуваат во инспекторатите доколку забележат дека има енормно зголемување на цените.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе