Вести Економија Македонија Топ вести Топ тема

Топ Тема – Што значи прагот од 420 киловат часови и колку домаќинства во Македонија ќе плаќаат повисоки цени за струја?

Согласно податоците кои беа јавно објавени, некаде околу 60-тина илјади домаќинства во нашата држава трошат електрилна енергија над 420 Колку домаќинства трошат над 420 киловат часови на месечно ниво и би плаќале повеќе од останатите, изјави во вечерашната Топ Тема, Драган Миновски, професор по енергетика и обновливи извори на енергија. Според него во Македонија, вкупно има околу 800 000 домаќинства.

Според овие податоци, во првата категорија, односно домаќинства кои ќе плаќаат околу 13% помалку за електрична енергија, се околу 540 000 домаќинства.

„Јас се согласувам дека овој праг од 420 киловат часови е прилично мал. За едно четиричлено семејство, да речеме доколку загрева еден стан од 65 квадрати, само за загревање, со енергетски ефикасен уред, потребни се отприлика некаде околу 400 киловат часови на месечно ниво “ – вели Миновски.

Тој додаде дека негов предлог е да се зголеми прагот за овој блок, за да може да влезат домаќинства, кои ќе имаат и комфорт и намалени трошоци за електрична енергија, но и да користат енергетски ефикасни уреди и за загревање и другите потреби за електрична енергија. Како пример наведе дека таа граница можеби може да се зголеми за 100 киловат часови.

Александар Дединец, научен соработник во МАНУ, исто така кажа дека не знае како е избрана оваа граница, посочувајќи дека можеби се земени предвид претходно направени  статистички анализи

„Според билансот на статистика, едно домаќинство годишно троши околу 5600 киловат часови електрична енергија. Поделено на 12 месеци, едно домаќинство троши околу 460 киловат часови. Зборуваме за скапа и ефтина тарифа. 420-те киловат часови за кои се зборува се потрошувачка на електрична енергија во висока тарифа. Не вкупна потрошувачка. Доколку во висока тарифа, потрошувачката ви е 420 киловат часови, вие сте во вториот блок. Доколку е 210 киловат часови висока тарифа, вие сте во првиот блок“. – вели Дединец.

Тој посочи дека само 10 проценти од домаќинствата во Македонија имаат потрошувачка над 420 киловат часови електрична енергија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Хамас потврди дека починал уште еден од заложниците киднапирани лани во октомври

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе