Вести Економија Најважни

Веќе нема гориво за автомобили поефтино од 100 денари-нови поскапи цени на дериватите

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 110 денари за литар, а 112 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе чини 102 денари, а Естра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 99,50 денари.

Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, за 0,868 ден/кг и килограм ќе се продава за 55,508 денари.

Малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемени е за 1,30  проценти во однос на одлуката од 3-ти месецов.

Нови цени на дериватите

ЕУРОСУПЕР БС – 95          110 денари (+1 денар)

ЕУРОСУПЕР БС – 98          112 денари (+0,5 денар)

ЕУРОДИЗЕЛ БС                  102 денари (+2,5 денари)

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ поскапуваат за денар по литар, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 денари, а  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,179 проценти, кај дизелот за 1,697 проценти, кај екстра лесното масло за 1,673 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 0,482 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,009 проценти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 11.000 слободни места за втор уписен рок во средните училишта

Дејан Дејан

Македонски државјанин призна убиство на Гркинка на Крит

Дејан Дејан

Истрага за полов напад врз малолетно лице во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе