Со последните поскапувања, трошоците на живот за еден месец ќе скокнат над 1500 тини денари, а по јуни, може да се искачат и до 2,500 денари, предупредуваат синдикатите.
Нема да се почувствува ниту евентуалното зголемување на платите во јавниот сектор, бидејќи цените во државата растат многу побрзо од примањата. Бизнисот излез гледа во итно активирање на стоковите резерви, а синдикатите попладнево договорија итна средба во Владата.
За разговорите во Владата, известува новинарката на Телма, Ирена Чачкова.
