Вести Економија Македонија

Бислимовски: Имаме домаќинства кои трошат 50.000 киловат часови електрична енергија

Ситуацијата е исклучително лоша, и не очекуваме вакви странични удари од општини и дел од компании да ни прават проблеми. За да обезбеди било стабилност на цената пред се за домаќинствата, ЕСМ според мене треба да обезбеди 100 проценти од регулираниот пазар на електрична енергија, рече во интервју за Топ Тема првиот човек на регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

Тој вели дек ЕСМ во моментов озбедува цена по 41 евро за мегават час, додека пак истата на  слободен пазар е околу 250 до 260 евра.

„40 проценти од регулираниот пазар ако отидат на слободен пазар, тоа ќе биде крах, распад. Тогаш ќе нема потреба одлуки да носи РКЕ“, вели Бислимовски.

Бислимовски најави дека ќе бидат формирани три до четири блока преку кои ќе се врши пресметка за новата цена на струјата.

„Ќе има три или четири блока. Блоковите ќе важат само за периодот кога е скапа струјата. Поентата со блоковите е да испратиме сигнал, за да може тие што имаат висока потрошувачка да си ја рационализираат и да ја намалат својата потрошувачка“, изјави Бислимовски.

Имаме домаќинства со 50.000 киловат часови електрична енергија, рече Бислимовски.

„Нема потреба да се шири фама за тие 17 домаќинства. Тие имаат висока потрошувачка, но си ги платиле своите трошоци. Факт е дека имале висока потрошувачка, но имале комоција и уредно си ги платиле своите трошоци“, додаде првиот регулатор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Власта во реконструкција, опозицијата со оценка – се менуваат фотелјите, но не и политиките

Дејан Дејан

Топлото време ги зголеми повиците на Итната медицинска помош

Дејан Дејан

Претпладне сончево време со мала облачност, попладне нестабилно – Временска прогноза за 22.6.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе