Вести Економија Најважни

Рикверц прогноза на Народната Банка за економскиот раст (БДП помало за 1%) и за инфлацијата (8,8 % на годишно ниво)

Народната банка ја снижува проекцијата за раст на домашната економија за годинава, а ја подигна таа за растот на инфлацијата.

Во најновата пролетна проекција централната банка предвидува дека БДП ќе биде за 1 процентен поен пониско од првичните прогнози и годинава наместо со 3,9 ќе ја завршиме со раст на БДП од 2,9 проценти. Инфлацијата ќе расте – очекувањата се дека годинава ќе достигне 8,8 %.

Попесимистичкото сценарио пак во случај ако  кризата се продлабочи е економијата да порасне за само 1,9%, а инфлацијата да достигне 9,8%. Растот на цените  се очекува да ублажи  во втората половина од годинава.

-Најновите оцени за растот на македонската економија се понеповолни во однос на октомврискиот циклус проекции за оваа и за следната година, под влијание на војната во Украина и енергетската криза. Oцените се проследени со висока неизвесност, при што ризиците се надолни. Главен надолен извор на ризик во моментов претставува натамошната ескалација на воениот конфликт помеѓу Русија и Украина, воведувањето нови, построги санкции и евентуалното дополнително влошување на економските односи помеѓу Западот и Русија, посочи гувернерката Бежоска.

-Дополнителен фактор на ризик е и евентуалното посилно затегнување на монетарната политика во развиените земји, како одговор на зголемените инфлациски притисоци и инфлациските очекувања. Во исто време, и натаму постојат ризиците поврзани со понатамошниот тек на пандемијата и можноста за појава на нови, загрижувачки вирусни соеви, изјави Анита Ангеловска Бежоска, Гувернерка на Народна банка.

Јавниот долг ќе расте ќе се продлабочува буџетскиот дефицит, ќе се земаат нови кредити. Централната банка со препорака до владата да биде претпазлива со фискалните мерки. Гувернерката вели треба да има мерки за помош на стопанството и граѓаните – но на среден рок неопходна е фискална консолидација.

НБМ  не ја исклучуват можноста повторно да се зголеми каматата на благајничките записи. Велат доколку Европската централна банка го направи тоа, и тие ќе реагираат- но претпазливо, бидејќи тоа ќе значи и раст на каматите на кредитите на граѓаните.

– Какви ќе бидат потребите и колкаво ќе биде задолжувањето не може да каже централната банка. Клучен фактор којшто ќе го детерминира нивото или потребата од задолжување на домашни или на надворешни пазари, ќе зависи од ребалансот односно од корекцијата што Министерството за финансии ќе ја направи кај буџетскиот дефицит, истакна гувернерката на Народната банка.

Очекувањата за наредната година се дека инфлацијата ќе падне на 3 проценти, а БДП да порасне за 3,6%. Централната банка ги чека прокциите на Министерството за финансии со ребалансот на буџетот, но и ја следи состојбата со кризата. Ако ескалира конфликтот во Украина, има  нови нарушувања на синџирите на снабдување и натамошен раст на цените ќе излезе со нова проекција.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

КОД: Кој се кити со македонското злато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе