Вести Економија Топ вести

Се укинува забраната за извоз на масло за јадење

Ако до пред неколку денови граѓаните буквално се тепаа за шиğе масло, сега ќе го извезуваме. Државата даде амин зејтинот од земјава да се испорачува во продавниците и во земјите од регионот, но и пошироко. Забраната за извоз на овој производ повеќе не важи, затоа што биле задоволени домашните потреби.

Граѓаните велат дека иако го има, сепак неговата цена е превисока. Но, стравуваат дека ваквата одлука може повторно да ги испразни рафтовите.

Од  Витаминка за Телевизија Телма посочија дека состојбата со масло во земјава во моментов е стабилна и ваквата одлука тврдат дека нема да го наруши пазарот. Количини има доволно и добро е што повторно ќе се извезува од земјава затоа што на тој начин ќе се задржат пазарите каде се пласираат домашните производи.

Во меѓувреме додека Владата носи одлука да се извезува масло, секојдневно се прави увоз од Србија, но и од други држави. Вчера влегле 42 илјади литри масло. Поради недостаток на овој производ, пред извесно време се склучи и договор со Србија, од таму да бидат испорачани околу 2.000.000 литри масло.

Недостатокот на масло за јадење и неговата висока цена беше причина да се ограничи извозот не само на зејтинот, туку и на другите основни прехрамбени производи. Државата дури даде и препорака секој маркет поединечно да одлучи колку максимално шишиња зејтин може да продаде на еден купувач.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе