Околу 5 милиони евра плус ќе бара министерот за транспорт Бочварски со ребалансот на буџетот. Иако, неговото министерство за годинава го има најголемиот буџет до сега, парите не биле доволни. Се надева дека неговиот колега, министерот за финансии ќе му ги одобри дополнителните средства кои вели дека се потребни за гасификацијата. Очекува дека со новото прекројување на државната каса од парите за транспорт нема да се крати многу и ќе се реализираат клучлните проекти.
За оваа година транспорт на располагање доби околу 100 милиони евра плус за проекти договрени со конзорциумот Бехтел и Енка. Во јуни треба да продолжи и изградба и на пругата кон Бугарија која се реализира повеќе од две децении. А сега има најава дека ќе биде готова за околу 5 години.
Досегашната пракса покажа дека при подготвување на буџетот капиталните инвестиции се проектираат на многу високо ниво, а при ребаланс, најчесто се крати од оваа ставка. И за годинава се предвидени капитални проекти од над 600 милиони евра. Но до сега за нив потрошени се само нешто над 100 милиони евра или околу 17 проценти од планираното.
Новото прекројување на државната каса е започнато. Калкулациите на расходната страна се завршени. Сега се разгледуваат приходите. Според најави со ребалансот, дефицитот ќе порасне за нови 200 милиони евра Инаку, ребаласнот на буџетот се очекува до крајот на мај да влезе во Собрание.
Ирена Чачкова
