Се поскапо станува и седнувањето во ресторан или кафеана. Зголемени се цените на храната, алкохолот и безалкохолните пијалаци во просек за дваипол отсто во однос на месец март, а за споредба со април лани поскапо е за речиси 10%, се вели во извештајот на Државниот завод за статистика.
Поточно за храна се плаќа поскапо за 3,2 отсто, за алкохолни пијалаци за 1,4 и безалкохолни пијалаци за 4,6 отсто.
Цените на угостителските услуги, пак, за периодот јануари – април 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 6,3 отсто, додека во споредба со декември 2021 година пораснале за 4,5 отсто.
