Култура

Владимир Јанковски награден за автор на годината од Македонската асоцијација на издавачи

Во рамките на 34 Саем на книгата, Македонската асоцијација на издавачи по шести пат ги додели наградите за најголеми издавачки постигнувања, за книги издадени меѓу две саемски изданија.

Наградата – автор на годината, ја понесе писателот Владимир Јанковски.

Во категоријата Најдобра едиција, првото место го понесе издавачот „ Арс ламина“ за „Целокупното творештво за возрасни на Оливера Николова“ . Второто место е на издавачот „ Гаврош“, за едицијата „ Штици“, а третото место отиде кај „ Три“, за едицијата „ Безвременски“.

Во категоријата Најдобро ликовно- графичко уредено изданиепрвото место му припадна на издавачот „ Гаврош“, за книгата „Бамбино“, со приказна и текст на Ника Гавровска и дизајн на Никола Радуловиќ. Второто место го доби исто така „ Гаврош“ , за книгата „Збор по збор“, од Ника Гавровска (идеја, концепт, графичко уредување и илустрации на Наташа Андонова), а третото место и припадна на печатницата „ Софија“ од Богданци , за книгата „Волшебното патување на Простор и Време“ – автор Мирко Трајановски, илустратор Кристијан Јованоски.

Во категоријата Најдобра книга за деца,  на прво место е објавата „Пет приказни од целиот свет“, од Живко Гроздановски, во издание на „Чудна шума“. Второ место освои „Ши, ѕифри, копчи“ ,од Владимир Лукаш и Наталија Лукомска – издавач „Арс ламина“, а третото место е за книгата
„Мистериозниот остров“ – напишана од Бистра Георгиева, илустрирана од Наталија Лукомска, од едицијата Сани и Стела на „Три“.

Првото, второ и трето место во категоријата Најкреативно издание ги понесоа творбите „Во главата пишувам расказ“ од Елизабета Баковска и Сашо Димоски (самостојно издание), „Finger print art“ на „Арс ламина“ и „ Игра со придавки“ ,од Оливија Георгиевска, илустрации на Јована Велинова-Трајанова ( „Арс ламина“).

Признание за поттикнување општествена одговорност го понесе проектот „Сликовницата на Халки“ од издавачот-печатница „Софија“ – Богданци, а специјалното признание за промотор на читачката култура го освои фестивалот „Bookstar“.

Награда за иновативност овој пат не беше доделена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МНТ со праизведба на „Хенгинг Араунд“, а Драмски театар со премиера на „Хеда Габлер“

Дејан Дејан

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе