Вести Економија Топ вести

Во ЕУ нема консензус за ембарго врз руската нафта и гас

Унгарија е најгласниот противник за воведување целосно европско ембарго врз руските енергенси, откако денеска портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач го повтори ставот на Будимпешта за ова прашање. Неговиот коментар доаѓа по најавите од Брисел дека Европската комисија ја разгледува можноста за воведувањето ембарго за увоз на нафта и гас од Русија, како дел од шестиот пакет санкции против Москва поради војната во Украина.

Оваа недела европските министри за енергетика ќе одржат вонреден состанок, но според информациите од Брисел, во унијата нема консензус за ова прашање. Германскиот министер за економија, Роберт Хабек, изјави дека некои земји едноставно не се подготвени за тоа, и призна дека и Германија исто така не е подготвена кога станува збор за забранување на увозот на руски гас.

По воведувањето на санкциите против Моска, Русија дизајнираше нов систем за плаќање на руските енергенси кој ги заобиколува санкциите, а кој некои европски земји веќе го користат, како Германија, Австрија и Унгарија. Министерката, пак, за надворешни работи на Германија Аналена Баербок повтори дека Германија е за ембарго на нафта против Русија.

Германија сега е „подготвена“ да се снаоѓа без руска нафта неколку години. Новите договори за снабдување со нафта значително ја намалија зависноста на Германија од Русија, додаде Баербок за јавната телевизија АРД.

Уделот на руската нафта што се користи во Германија се намали од 35 отсто на 12 отсто во период од неколку недели, според владата. Со германското зелено светло за ембаргото за нафта, расте притисокот врз преостанатите земји-членки на ЕУ за кои се сметаше дека ја одолговлекуваат дискусијата. Двајца дипломати на ЕУ претходно изјавија за Ројтерс дека блокот се стреми кон забрана за увоз на руска нафта до крајот на годината, а не се исклучува и можноста дека Европската комисија би можела да ги поштеди Унгарија и Словачка од ембаргото за увоз на руска нафта што е во подготовка. Комисијата во вторник треба да го финализира новиот, шести пакет санкции против Русија поради нападот врз Украина, кој ќе вклучува забрана за купување руска нафта бидејќи извозот на нафта е еден од главните извори на приходи на Русија.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе