Вести Економија Топ вести

Преку 13.000 работници не го добиле законски загарантираниот минималец

Загарантираниот минималец не го добиле вработени во приватниот, но има и во јавниот сектор. Според податоците од Управата за јавни приходи на 13.444 работници на сметките им пристигнала плата, која е под 18.000 денари, од нив најголемиот дел или 11.437 се во приватниот, а 2.007 лицата се во јавниот сектор. Откако УЈП ќе направи детална анализа ќе го извести Државниот трудов инспекторат. За Телма информираат дека бројките се менуваат од ден на ден, некои од фирмите кои добиле известување од УЈП побрзале да им ги доисплатат парите до минималната плата, за да не платат казни.

Најголем дел на работодавачи кои исплатиле плата под минималната се од дејностите: фризерски и салони за разубавување, одржување и поправка на моторни возила, сметководствени и книговодствени ревизорски работи, даночно советување, товарен и патен транспорт, трговија на мало во неспецијализирани продавници за храна и пијалоци, тутун, ресторани, објекти за подготовка и послужување на храна, производство на друга горна облека, велат од УЈП.

Трудовите инспектори  се постојано на терен, откако  заврши рокот за исплата на минималецот, вели за Телма директорката Весна Томовска. Акцент се става на источниот регион, каде е сконцентрирана текстилната индустрија и во која вообичаено се исплаќа минималната плата. Трудовиот инспекторат ќе ги преземе и конечните анализи од УЈП, по што ќе постапат. Казните за фирмите има, но пред да се дојде до нив фирмите се опоменуваат.

Томовска најави дека Трудовиот инспекторат на својата веб страница ќе ги објави фирмите кои нема да ја исплатат минималната плата, како и казните кои ќе ги заработат. Кристина Ампева од Гласен Текстилец пред два дена за Телма рече дека во рок од пет дена кај нив околу 1.000 текстилни работници пријавиле оти не добиле минимална плата и тоа за редовно работење, а 970 работници ја добиле, но не им се исплатени додатоците.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе