Вести Економија

Хоџа: Бизнис секторот е постојано на удар, фокусот на владата е посветен на домаќинствата и граѓаните

Бизнис заедницата упатува критики кон дел од владините мерки, како замрзнување на цената на одредени производи. Велат дека оперативните трошоци на компаниите изминатава година пораснале од 3 на 11 проценти, и се жалат на пресметките од страна на Пазарната инспекција. Ако веќе мора маржите да бидат замрзнати, бараат од владата да им се признаат зголемените трошоци.

Секогаш фокусот на владата е посветен на домаќинствата и граѓаните, а од друго страна ние, како бизнис сектор, цело време сме на удар и во кризни моменти каде што не можеме да профункциионираме, а ние сме тие што вработуваме и што ствараме економски раст и развој во државата. Затоа треба соработка и посветеност на економскиот сектор на бизнисот, бидејќи ние во вакви ситуации, особено производството е во многу тешка состојба за да опстане во вакви кризни моменти, мора да се изјадат решенија за да се избегне колапс, затварање на компании и отпуштање на работна сила, порача Неби Хоџа, претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Министерот Бектеши ги отфрла тврдењата дека бизнис заедницата е запоставена од страна на владата, на сметка на социјалниот мир. Вели дека сите владини мерки за помош на стопанството, од почетокот на Ковид кризата до денешната економска и енергетска криза, биле пофалени од Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Пред една недела министерството објави оглас за поддршка на стопанството, редовен оглас кој го објавуваме 4 години по ред, објавивме оглас за поддршка на занаетчиите. Во тек е огласот кој произлегува од Законот за финансиска поддрша на инвестициите, кој е директна поддршка кон нашите стопанственици. Повеќе од 20 милиони евра им дадовме на компаниите за да инвестираат во време на ковид, директни инвестиции, како грант компонента. Дополнително на тоа по предлог на Министерството за финансии во соработка со Развојна банка, наредните денови ќе има пак бескаматни кредити, посебно за овие таргетирани сектори кои се најпогодени, рече Бектеши.

Нема потреба од активирање на стоковите резерви, вели Бектеши

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Високи се цените во маркeтите – велат граѓаните и очекуваат по горивата да поевтини и храната

Дејан Дејан

Кој е Енди Барнам – фаворит за преземање на премиерската функција во Обединетото Кралство?

Дејан Дејан

Мицкоски: Постои опција и за промена на ресори меѓу владините партнери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе