Ракомет Спорт

Лазаров со 18 ракометари патува за Злин

Македонската машка ракометна репрезентација попладнево заминува за Злин каде утре против селекцијата на Чешка ќе го одигра првиот дуел од баражот за пласман на Светското првенство.

Пред патувањето селекторот Кирил Лазаров дополнително го скрати списокот на играчи кои ќе бидат во комбинација за утрешниот меч. Од 23-цата кои беа дел од мини подготовките во Скопје за Чешка ќе заминат 18 играчи, а меѓу нив е еден дебитант Петар Атанасиевиќ од Еурофарм Пелистер 2, кој ќе биде алтернатива за повредениот Ненад Костески. За Злин нема да патуваат уште Марко Стојковиќ, Дарко Кондев, Павле Атанасиевиќ и Марко Кизиќ.

Нашите ракометари попладнево од скопскиот аеродром тргнуваат во 17 часот и 40 минути, а мечот со Чесите се игра утре и почетокот е закажн за 20 и 15.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе