Утре календарски започнува пролетта, во 16.33ч, но температурите сè уште далеку од пролетни. Ќе имаме слична временска состојба на денешната. Сончево и студено време со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од североисточен правец. Утринската температура насекаде ќе биде под 0°C, на места и околу -10°C. Во текот на денот максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 11°C.
Агропрогноза:
Разладувањето на атмосферата, особено ниските минимални утрински температури кои достигнаа вредности и до -12 ˚С во Беровскиот и околу -5˚С долж Повардарието во изминатата седмица, внесоа со право вознемиреност кај земјоделците, особено овоштарите за евентуални штети од измрзнувања, кои не се исклучени, особено во регионите каде веќе беше отпочната вегетацијата.
Повторното заладување викендов со пад на температурите и негативни вредности до -4˚С, можноста од измрзнувања не се исклучени, ако се земат во вид и понапредните фази на развој кај овошките во овој период, и намалената издржливост во тие фено-фази.
Во наредната седмица, особено во втората половина треба да се осетат вистинските пролетни услови, со што се очекува нагло будење на вегетацијата и отпочнување на цветање кај многу видови овошки, особено од коскестите видови.
Ваквите временски услови едновремено ќе овозможат и работа на отворено во овоштарниците и лозовите насади, околу меѓуредовата обработката, заштитата на истите, потоа работи во тутунопризводството за припрема на леи за расад и вообичаени работи во градинарството во овој период од годината.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во см)
46 Попова Шапка, 38 Крушево, 31 Маврови Анови.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м2)
3 Дојран, Претор, 2 Гевгелија, Пожар, 1 Битола, Крушево.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °C измерени денеска)
-11 Попова Шапка, -10 Маврови Анови, -8 Берово, -7 Kрушево, Крива Паланка, -6 Скопје-Петровец, -5 Куманово, Штип, -4 Претор, Тетово, Прилеп, Виница, Демир Капија, -3 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Гевгелија, -2 Струмица, Охрид, 0 Дојран.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/