Говедското поскапо за 100 денари, пилешкото за 60 а табла јајца за 40 денари. Веб сервисот ценометар. мк направи истражување во најголемите маркети во Македонија, кое покажува драстично поскапување на многу производи за кои беше укинато ДДВ и замрзнати маржите.
Табла јајца која се продаваше за 172 денари, сега е 225. Малото пакување јајца е поскапено за околу 10 денари. Поскапени се и замрзнатите батаци за 10 до 20 денари, како и рибата Ослич.
Пивата се поскапи за околу 10 денари за литар, брашното тип 400 и зејтинот кои требаше да се продаваат по набавна цена или се повлечени од рафтовите или се поскапени за околу 10 денари, зависно од маркетот.
Кај овошјето и зеленчукот нема значителни промени, но најчесто ги нема на рафтовите.
Заклучокот на истражувачите е дека ценовната спирала е ослободена без контрола а граѓаните се снаоѓаат како знаат и умеат.
