Вести Економија Македонија Најважни

Владата на 10 дена го забрани извозот на пченицата, пченката, зејтинот

Македонија на 10 дена го забрани извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, нивно брашно, но и семе од сончоглед и негово масло за да се заштити домашниот пазар откако било констатирано дека во услови на економска криза за само десет дена од земјава биле извезени 716 тони зејтин, 700 тони пченка, 166 брашно од пченица и пир, брашно од наполица – два тона, а биле извезени и 174 тони брашно од тврда пченица.

„Во вакви времиња одредени трговци се обидуваат да направат поголеми профити. Особено домашните производители, домашните трговци на овие производи требра прво да се грижат за домашниот пазар, а не по потреба и по добивање на одредени понуди, поголеми цени од странство, да го пренасочат тоа производство за експорт“, изјави министерот за економија Крешник Бектеши, објансувајќи ја причината за забраната за извоз.

Но освен зголемениот извоз на овие продукти од земјава, алармот кај владата за заштитита на резервите кои се во приватни раце ја вклучи и синоќешната одлуката на спрската влада да забарни извоз на пченица, пченка и сончогледово масло, а од која, иако првично беше најавено, Македонија не беше изземена.

„Северна Македонија е држава која членува во одредени форуми, вклучително и ЦЕФТА. Имаме договори со сите. Но кога имаме еднострана одлука од наш сосед секако дека мора да се грижиме за нашите граѓани првично, а секако дека кога ќе иаме дополнителни количини, како што имаме и сега, затоа е времена мерката, ќе дозволиме и извоз“, изјави Бектеши.

Бектеши уверува дека состојбата е стабилна и ги повика граѓаните да не прават залихи бидејќи како што рече мелничката индустрија, но и нафтните компании имаат резерви за да покријат 2-3 месеци, а во стоковите резерви на државата има за да се покрие двојно подолг период.

Од министерството за земјоделие пак велат дека се подготува план со стопанските комори како да се продолжи со увозот на неопходните прехранбени продукти, додека во делот на производството донесена е долука за субвенционира вештачкотот ѓубриво за житните култури, финансиски ќе се помага и нивното складирање, а 7.000 хектари државно земјоделско земјиште кои преку јавен оглас ќе даваат за обработка ќе бидат со назнака дека државата сака да ги стави во функција на производство на житни култури. Сепак не се планира воведување на квоти за производство на овие култури или загарантиран откуп за пополнување на стоковите резерви.

„Веќе разговараме за промена на одреден модел кај стоковите резерви, како тоа ќе може да се снабдува од домашната пченица. Инаку имајте во предвид дека во пазарна економија не може да најдете загарантирана цена. Она што ние го следиме е призводната цена и врз основа на производната цена интервенираме со одредени мерки со цел за да го задржиме нашето производство“, вели Трајан Димковски, државен советник во Министерството за земјоделство.

И додека државата интервенира во извозот, а прави планови како да обезбеди увоз за да се одржи стабилно домашното производство и пазар, експертите предупредуваат дека доколку нешто не се смени на подолг рок храна ќе нема.

„Светските тенденции се дека за 10 години од сега ќе немаме прехрамбени производи и сите оние кои што ќе се занимаваат, или да речам прехрамбените бизниси, ќе бидат во предност. Што за државата од прилика значи дека ние треба сериозно во оваа држава да и посветиме внимание на хранбата, бидејќи тоа ни е карта со која можеме надвор да се пласираме. И токму во вакви ситуации кога има кризи, да видиме кој до каде е, и само тоа ни е излезна карта во ситуацијава“, смета Јана Клопчевска, професор на Технолошки-металуршкиот факултет.

Според Клопчевска недостигот на храна ќе резултира и со многу неквалитетна храна, што според неа е веќе и реалност.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наследникот на балансерот пред пратениците – Почна дебатата за Закон за соодветна и правична застапеност

Дејан Дејан

ЕСЧП: Оправдано поништените помилувањата на Иванов- биле без валидна законска основа

Дејан Дејан

Реформската агенда во фокус: Власта уверува дека има напредок, опозицијата алармира за застој и изолација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе