Временска прогноза

Претежно сончево со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 3.3.2022

Утре ќе имаме повеќе сонце. Ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Наутро ќе биде студено, и утре насекаде минимална температура под 0°C, а дневната во благ пораст и ќе се движи во интервал од 5 до 12°C.

Информација од утрово:

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во см)

63 Попова Шапка, 44 Крушево, 43 Маврови Анови, 27 Ѓуриште, 22 Битола, 17 Пожаране, 15 Берово, 14 Претор, 1 Прилеп.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м2)

13 Крушево, 11 Дојран, 10 Битола, 9 Гевгелија, 8 Маврови Анови, 7 Претор, 6 Д.Капија, 4 Струмица, 2 Штип, Берово, 1 Скопје Петровец, Прилеп, Тетово, Виница.

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА(во °C)

-13 Попова Шапка, -11 Берово, -7 Маврови Анови, Kрушево, -5 Претор, -4 Крива Паланка, Битола, Штип, -3 Охрид, Струмица, Виница, -2 Прилеп, Тетово, Демир Капија, -1 Скопје Петровец, Куманово, 0 Гевгелија, Дојран, Дебар, 1 Скопје Зајчев Рид.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево време со мала до умерена облачност, во попладневните часови нестабилно – Временска прогноза за 11.6.2026

meteo

Сончево со мала до умерена облачност, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 10.6.2026

Дејан Дејан

Сончево и топло, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 9.6.2026

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе