Утре ќе имаме стабилно време, променливо облачно, со подолги сончеви периоди. Наутро речиси насекаде температурата ќе се спушти под 0°C, а максималната дневна до 9°C во југоисточните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-12 Попова Шапка, -7 Маврови Анови, Kрушево, -5 Берово, -4 Крива Паланка, -3 Прилеп, Претор, Дебар, -2 Скопје Петровец, Куманово, Охрид, Битола, Виница, -1 Тетово, 0 Скопје Зајчев Рид, Штип, Струмица, Демир Капија, Дојран, 1 Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м²)
5 Претор, Струмица, 3 Крушево, 2 Битола, Д.Капија, Гевгелија, Берово, Дојран, 1 Маврово, Пожаране.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
52 Попова Шапка, 37 Маврови Анови, Крушево, 21 Ѓуриште, 16 Пожаране, 13 Берово, 8 Битола, 1 Прилеп, Струмица.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
