Вести Свет

Русија нема планови да навлезе во Украина, тврди за американските медиуми рускиот амбасадор во Вашингтон

Русија нема намера да навлезе на Украина, тоа беше одразено во одговорот до Вашингтон за гаранциите за безбедност што беше предаден на 17 февруари, изјави синоќа за Си-би-ес рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов.

Нема инвазија и нема такви планови. Тоа беше утврдено во руските документи што ние ги дадовме на нашите американски пријатели во Стејт департментот. Русија јавно изјави за својата спремност да се продолжи со дипломатските напори за регулирање на сите нерешени прашања, изјави дипломатот.

Во изминатите неколку месеци Запад ја обвинува Русија дека се подготовува воено да навлезе во Украина. Растечката веројатност за инвазија се поврзува со зголемувањето на бројот на руската војска до границата со соседната земја.

Москва истакнуваше дека армиските групи се таму поради воени вежби, и дека Русија има право да релоцира војска на својата територија по сопствено убедување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со ограничени резерви на гориво, девет авиони над Лондон во вонредна состојба, пренасочени и 14 летови

Kristina Kuzmanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој го блокираат Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

СДСМ: Што работи Стоилковиќ како министер во Владата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе