Вести Свет

За месец и половина убиени 5 новинари во Мексико: „Убиствата не се истражуваат“

Мексикански новинари синоќа протестираа во Тихуана и го повикаа претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор да го запре бранот насилство врз новинарите, во кој само годинава беа убиени петмина.

Новинарите протестираа во касарна каде што Лопез Обрадор организираше прес-конференција.

Дури двајца од петте убиени медиумски работници годинава се убиени во Тихуана, а протестите се одржуваат во време кога претседателот ги засили вербалните напади врз медиумите.

– Нашата професија е тешко повредена. Како и во цело Мексико, работиме под сенката на напади и убиства за нашата работа, а злосторствата извршени врз нас не се истражени, изјави локалната новинарка Соња де Анда.

Лопез Обрадор изрази жалење за убиствата, додавајќи дека нема да останат неказнети, а подоцна ги нападна „новинарите платеници“ за кои рече дека биле финансирани од „трговци со влијанија“ и САД со цел да го напаѓаат.

Насилството врз новинарите го стави мексиканскиот претседател Лопез Обрадор под меѓународен притисок, вклучително и од САД.

На почетокот на оваа недела, новинарите кои го следат мексиканскиот Конгрес им го свртеа грбот на парламентарците, извикувајќи „сакаме да останеме живи“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој го блокираат Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

СДСМ: Што работи Стоилковиќ како министер во Владата

Kristina Kuzmanovski

Демократите го блокираа предлог-законот за одбраната поради војната со Иран

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе