Вести Свет

Мета: Обидот за мое разрешување политички процес како алатка за уцена

По одлуката на Уставниот суд да ја отповика одлуката на парламентот за негово разрешување, албанскиот претседателот, Илир Мета првпат јавно го изнесе својот став, синоќа, гостувајќи во емисија на државната телевизија.

Toj рече дека не чувствува никакви емоции за ова прашање, затоа што никогаш не го прекршил Уставот а сето тоа бил еден „политички процес за уцена“.

-Немав емоции за случајот во Уставниот суд. Чекав порано да се реши. Ова продолжување не ми пречеше затоа што го знаев крајот, бидејќи не направив никаков прекршок, ниту сериозен ниту лесен. Ова беше политички процес што требаше да се користи како алатка за уцена. Не сум имал никаква загриженост за прашање кое не постоело, бидејќи не само што не сум направил ниту сериозно ниту помало прекршување на Уставот, туку бев убеден дека ова е политички процес, рече Мета.

Додаде дека неслучајно тоа е направено во овие моменти и оти било „обид да се зграпчи единствената независна институција.

-Ова беше трета истрага против мене. Политички маскенбал, шоу. Барањето од Парламентот за разрешување беше уцена кон претседателот, за неговиот отпор против заробувањето на државата. Ова барање беше незаконско и

во вид на одмазда на мнозинството кон претседателот на Републиката, обвини тој.

Исто така посочи тој целта била да се оттргне вниманието од коруптивните афери на власта.

-Сета оваа политичка маскарада беше направена за да се оттргне вниманието од коруптивните афери на власта. Ова е завршена игра. Претседателот не прекршил ниту еден закон или член од Уставот на Република Албанија, категоричен е Мета.

Одлука за разрешување донесе парламентот во јуни минатата година, а истата Уставниот суд ја отповика пред два дена, со образложение дека претседателот не го прекршил Уставот, за што беше обвинет.

Уставниот суд треба да брои девет членови, но две места сè уште не се пополнети. Од седумте судии шест гласале за отповикување на одлуката, додека еден за разрешување на Мета.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој го блокираат Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

СДСМ: Што работи Стоилковиќ како министер во Владата

Kristina Kuzmanovski

Демократите го блокираа предлог-законот за одбраната поради војната со Иран

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе