Вести Спорт

ИОК нема да и даде медал на Валиева

Веднаш по соопштувањето на одлуката на арбитражниот суд, реагираше Интернационалниот олимписки комитет кој соопшти дека доколку Валиева во поединечна конкуренција успее да се најде меѓу трите најдобри таа сепак нема да добие трофеј, а Русија се уште ќе остане без медал во екипна конкуренција се додека не се добие конечен расплет околу сомнителните резултати од допинг тестот.

Во соопштението се наведува дека за Валиева во моментов важат посебни правила за евентуални санкции според кои спортистите помлади од 16 години ќе бидат суспендирани на две години со бришење на сите резултати постигнати во периодот од 25 декември до седми февруари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мексико перфектен, Бразил и Мароко сигурни, Јужна Африка со сензационален пласман во нокаут-фазата (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди северниот дел на Јапонија

Sasko Dimovski

ЕУ го одобри трговскиот договор со САД за царините

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе