Економија

Владата ќе прогласи кризна состојба, ама нема да ги одземе лиценците на БЕГ, ЕСМ привремено ќе управува со централното греење

Владата ја прекина неизвесноста на 54.000 домаќинства во Скопје, кои стравуваа дека од утре ќе останат без парно греење. Министрите Бектеши и Битиќи, соопштија дека владата усвои уредба за критериумите и условите за прогласување кризна состојба на пазарот на топлинска енергија, во чиј составен дел ќе биде и обезбедување финансиски средства за субвенционирање на сметките за топлинска енергија на сите граѓани кои ја користат оваа услуга.

Мерките кои се составен дел од уредбата овозможуваат владата преку ЕСМ да го стабилизира пазарот на топлинска енергија. АД ЕСМ го потпиша договорот за набавка на електрична енергија со ТЕ-ТО до 31 јануари. За реализација на овој договор ТЕ-ТО ќе произведе дополнтелни количини на топлинска енергија, покрај електричната, со што ќе се овозможи континуирано квалитетно и економски исплатливо снабдување во овој период. ТЕ-ТО има сигурен извор на гас и може да работи без пречки, изјави министерот Бектеши.

Бектеши соопшти дека ТЕ-ТО ќе работи и за време на викендите а произведената електрична енергија ќе ја купува АД ЕСМ, а владата во текот на наредната недела же ѝ наложи на електродистрибуцијата да потпише договор со БЕГ за деловно техничка соработка

До крајот на грејната сезона се планира целокупната произведена електрична енергија од ТЕ-ТО да ја преземе АД ЕСМ, со што ќе има доволно топлинска енергија за БЕГ. Со оглед на тоа што во моментов, како што информираа од БЕГ, дека не се во можност самостојно да работи компанијата, побара од владата принудна управа. Донесена е одлука за деловно техничка соработка помеѓу БЕГ и ЕСМ, по задолжение од владата, рече Бектеши.

Бектеши информираше дека по истиот принцип ќе се склучи и соработка со АД Скопје Север. Со потпишувањето на овие договори, Бектеши соопшти дека сите права и обврски кои компаниите ги имале стапуваат во мирување, а правата и обврските кои ќе настанат во периодот на управува, ќе бидат на товар на ЕСМ.

АД ЕСМ ќе го менаџира целокупното финансиско работење преку посебна сметка и за истото ќе доставува извештаи до владата во континуитет. АД ЕСМ веќе поседува лиценци за топлинска енергија и истите ќе бидат проширени откако ќе се добие согласност од Регулаторната комисија за енергетика, рече Бектеши.

Откако ќе се формира влада и одлуката ќе се објави во Службен весник, ЕСМ ќе склучи договори со БЕГ и Скопје Север и ќе го презме финансиското работење со централното греење до крајот на грејната сезона. За тоа колку пари ќе чини надминувањето на кризата со парното во Скопје, кажаа дека ќе информираат во текот на следната недела.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пазарна инспекција ги проверува книгите на големите маркети, како се движеле цените на одредени производи

Дејан Дејан

НБРМ: На крајот на март надворешниот долг бележи квартално зголемување од 4,8%

Дејан Дејан

ЕУ со напредок кон воведувањето на дигиталното евро

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе