Спорт Фудбал

Ериксен: Сакам да се вратам и да играм на СП во Катар

Кристијан Ериксен почна да тренира со својот поранешен клуб Одензе и сега има амбиции да се врати на највисоко ниво и покрај тоа што минатото лето за време на Европското првенство доживеа срцев удар.

Данецот беше мртов неколку минути откако се струполи на теренот за време на натпреварот со Финска. Медицинскиот тим успеа да го врати во живот, а потоа му беше извршена и операција на срцето и вграден дефибрилатор.

Неговата кариера во Интер заврши, бидејќи италијанските закони не дозволуваат професионално спортување со вграден дефибрилатор.

Ериксен во своето прво интервју по несреќата, вели дека и натаму има амбиции на фудбалскиот терен.

„Мојата цел е да играм на Светското првенство во Катар 2022 година. Сакам да играм. Тоа е мојата мислам уште од самиот старт. Тоа е мојата цел и желба, дали ќе бидам одбран, тоа е веќе друга работа. Сигурен сум дека можам да направам кам-бек, бидејќи физички не чувствувам ништо различно. Во добра форма сум“, рече Ериксен во интервјуто.

Тој исто така не заборави да им се заблагодари на сите навивачи кои му испраќаа пораки додека беше во болница

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историска вечер за Модриќ – 200 натпревари во дресот на Хрватска

Sportska Redakcija

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе