Вести Македонија Топ вести

Апелационен судија прекинал боледување за да гласа за укинување на притворот на Мијалков

Апелационен судија кој бил дел од трочлениот кривичен судски совет кој што по вторпат го укина притворот, вчера го прекинал боледувањето за да земе учество во работата на советот.

Судијата бил и дел од советот кој минатата недела донесе иста таква одлука.

Од скопска Апелација за Телма потврдија дека судијата по електронска пошта на 23-ти ноември (ден по првата одлука за укинување на притворот) го известил судот и надредените дека има висока температура и затоа матичниот лекар му отворил боледување на неопределено време.

Но вчера апелациониот судија се вратил во судот и пријавил дека го прекинал боледувањето поради тоа што проценил дека здравствената состојба му е подобрена.

Веднаш се зафатил со работа во кривичниот совет кој попладнево донесе одлука за укинување на притвор на Сашо Мијалков на кого му беше определен притвор поради дводневно бегство на почеток на годината.

За жалбата на Мијалков одлучувал ист кривичен совет но во поинаков состав, еден од тројцата судии зел одмор, едниот бил на боледување па се вратил и вчера наутро само еден судија бил на работа и ја презел претседателската улога во советот.

Откако вториот судија го прекинал боледувањето и на советот е приклучен уште еден судија кој не учествувал во носењето на првата одлука минатата недела, советот одлучил позитивно и ја прифатил жалбата на Мијалков.

Советот само потврдил дека претходно дадената гаранција која уште била активна е доволна. Гаранцијата дека нема да се случи бегство на Мијалков кој досега е осуден првостепено на 20 години затвор, е во висина од 11, 1 милиони евра во недвижности и е под банкарска хипотека.

Апелационите судии кои ја прифатиле гаранцијата под хипотека сметаат дека таа е наплатива во случај на бегство и тврделе во судот дека се консултирале со судија од граѓанскиот суд пред да ја прифатат.

Миомир Серафиновиќ

Дисциплинска за затворските полицајци од Шутка кои со Мијалков постапуваа како хотелски батлери и буткаа новинари

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе